Saturday, December 26, 2015

Јохан Себастијан Бах


Бах се смета за еден од најголемите композитори во западната тонална традиција заради неговата моќна измазнетост на стилот и огромниот опус. Неговите дела се високо ценети за нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина: Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концерти, свитите ипартитите за клавијатура, Мисата во ха-мол, Житието на Св. Матеј, Музички дар, Уметноста на фугата и голем бројкантати, од кои денес се зачувани 220. Подолу можете да чуете еден пример за неговите стилистички карактеристики во хорот Ehre sei Gott in der Höhe од Божиќниот ораториум, напишан во 1734 год., во зрелиот период на неговото творештво.Јохан Себастијан Бах (германски: Johann Sebastian Bach; 31 март 1685 – 28 јули 1750) — прочуен германскикомпозитор и оргулист чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритмови и текстури, особено италијански и француски.

Биографија

Раните години

Јохан Себастијан Бах бил член на една од најчудесните музички семејства во светската историја. Во период од 200 години и повеќе семејството Бах дало дузини вредни музичари и композитори за време на периодот кога црквата, локалната влада и аристократијата му обезбедувала значителна поддршка на музичкото творештво ширум регионите во кои се зборувал германскиот јазик, а особено во источните изборни кнежевства Тирингија и Саксонија. Себaстијановиот татко,Јохан Амброзиус Бах, бил талентиран виолинист и трубач во Ајзенах, град со 6.000 жители во Тирингија/Германија кој работел на црковна и световна музика. Сите чичковци на Бах биле професионални музичари од оргулисти и дворски камерни музичари до композитори. Тогашни документи укажуваат на фактот дека името Бах било користено како синоним за музичар.

На возраст од 14 години, Себастијан добил стипендија заедно со неговиот постар соученик, Георг Ердман, за да учи во престижното училиште Св. Михаил во Линебург, недалеку од Хамбург, тогаш најголем град во Германија. Патувањето до таму било долго, веројатно дел пеш и дел со кочија. Овие две години биле од круцијално значење за неговата изложба на една поширока палета на европска култура која би ја ималч видено во Тирингија. Таму Себастијан не само што пеел 
а капела во хорот, туку веројатно и свирел на училишната три-мануелна оргула и чембало. Тогаш веројатно научил француски и италијански и преку основна теологија, научил латински, историја, географија и физика. Таму исто така имал контакти со синови на благородници од северна Германија кои студирале во ова високоселективно училиште како спрема за нивните подоцнежни кариери во дипломатија, влада или војска. Веројанто е дека имал добри контакти со оргулисти во Линебург, особено со Георг Бем, и посетил неколку во Хамбург, како Јохан Адам Рајнкен и Николаус Брунс. Преку овие музичари, тој веројатно имал пристап до најголемите инструменти. Исто така веројатно е дека се запознал со музиката од северно-германската традиција, особено со делата на Дитрих Букстехудекако и со ракокписи од подалечните регионии со трактати на тема музичка теорија кои им припаѓале ним.Мајка му умрела во 1694, а татко му следната година. Сега десеттогодишен сирак, се преселил кај брат му Јохан Кристоф Бах, оргулист во блискиот град Ордруф. Таму тој препишувал, учел и изведувал музика и добил одлична обука од брат му. Ова му овозможило да ги чуе делата на големите јужно-германски композитори во тоа време како Јохан Пакелбел и Фробергер, но веројатно и делата на северно-германските и француските композитори како Жан-Батист Лили, Луј Маршан и Марен Маре. Момчето веројатно присутствувало и помагало во одржувањето на оргулите, предходник на неговата доживотна активност како како консултант за изработка и реставрација на органи. Баховата посмртница укажува на тоа дека младиот Себастијан копирал партитури од брат му, но бидејќи партотурите во тоа време биле вредни и приватни артикли, Кристоф му забранувал на брата си да го прави тоа.

Стил

Баховиот стил на композиција се одликува со контрапунктни текстури, линеарни тонски/доминантни харомснки прогресии и доследни моторни ритмови, кои во комбинација создаваат силен моментум кој влече напред. Како и најголемиот дел од другите барокни композитори, Баховата музика е мотивски густа; мелодиските и ритмичките шаблони кои се воведуваат при почетокот на едно дело постојано се трансформираат по пат на контрапунктна и мелодиска инверизја, аугментација, деминутација и стрето.
Неколку значајни композитори како Моцарт, Бетовен, Шуман и Менделсон почнале да пишуваат контрапунктно по нивното запознавање со Баховата музика. Денес Баховиот стил сѐ уште врши влијание врз музичката композиција, од химни и релегиозни дела до поп и рок. Многу од неговите теми — особено темата од Токата и фуга во де-мол— се искористени во рок песни и затоа уживаат голема популарност.